Носорозите на кои им се заканува сериозна опасност од исчезнување поради нелегален лов најверојатно ќе бидат опремени со шпионски камери на роговите, како и срцеви монитори со цел да се олесни фаќањето на ловокрадците. Ваквите најави беа гласно поздравени од страна на активистите за заштита на животните, јавува Independent.
Со оглед на тоа што на секои шест часа во Африка се убива по еден носорог, расте стравот дека ова животно ќе исчезне до 2035 година. За да се спречат црните прогнози, се размислува за користење на британскиот систем наречено „Rapid“ кој вклучува камера и монитор за срцето поврзани со аларм, како и уред за сателитско следење. Камерата во рогот на животното ќе се користи за да обезбеди докази против ловокрадците. Активистите се надеваат дека истиот систем, кој исто така може да се прилагоди за користење кај животните како слонови и тигри, ќе биде испитана во Јужна Африка до почетокот на следната година.
Д-р Paul O’Donoghue, од Универзитетот во Честер, кој работи со загрозената популација на црните носорози повеќе од 15 години, вели дека има драматичен пораст на ловот на носорози.
„Моравме да најдеме начин за да ги заштитиме овие животни, убиството мора да биде запрено“, смета тој.
„Со овој уред, срцевиот монитор го активира алармот во моментот на лов, посочувајќи ја точната локација, така што ренџерите може да стигнат на местото на настанот со хеликоптер или камион во рок од неколку минути, неоставајќи им време да ловокрадците да ги земат вредните делови (роговите)од жртвата или брзо да избегаат“, додава професорот.
Steve Piper, директот на невладината „Protect Rapid“ додава: „Единственото нешто што ќе исчезне во текот на следната деценија е самиот лов .
Во светот постојат околу 25000 носорози, а 80 отсто од нив живеат во Јужна Африка. Според проценките секоја година се убиваат околу илјада носорози, најчесто поради нивните рогови кои се користат во традиционалната кинеска медицина, но и како статусен симбол во некои азиски држави.