Вечерва со комплетно пополнети капацитети за сместување во цел Дојран и околината, се очекува рекордна посета на Д Фестивал, соопштуваат организаторите на овој фестивал.
На три сцени, со повеќе од 30 артисти, бендови и многу диџеи фестивалот ќе трае три дена. Главната програма ќе се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран.
„Интересот е огромен, камперите веќе го наполнија прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран – нашиот официјален фестивалски камп, а според процените, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година.
Најголемиот број од странците доаѓаат од соседните земји, но на наше изненадување и задоволство, најавени се многу добредојдени посетители од Западна и Централна Европа“, велат од фестивалот.
3-дневните фестивалски влезници од денес ќе може да се набават по цена од 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари за петок и сабота (17.07 и 18.07) и 450 ден за недела, 19.07.
На три сцени, со повеќе од 30 артисти, бендови и многу диџеи, за седум дена започнува тридневниот Д Фестивал во Дојран. Главната програма ќе се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран.
На следниот линк погледнете ја целосната програма на Д Фестивалот во Дојран.