Далеку позагадени сме сега отколку во 2010, 2012, 2013 година, е заклучокот на О2 Иницијатива, која објави визуелен приказ за месец јануари низ годиниве, прикажано преку податоците од државниот мониторинг систем.
Според 02, ова ако споредиме како што споредува Град Скопје и Влада, без да се земе предвид ветерот, маглата, дождот, снегот, блокираното струење на воздухот поради новите градби, кои индустрии работеле, кои не, итн.
„Како и да е, поразително е да имате помало загадување пред 7-9 години, после сите филтри, А и Б еколошки дозволи, гасифицирања, засилени инспекции. План за чист воздух? Па со вакви податоци и планирани мерки за 2019, минатото е светлата иднина“, стои во реакцијата на 02 Иницијатива.