Од Министерството за здравство известуваат дека во последните 24 часа, регистрирани се 1.348 нови случаи од КОВИД-19 и тоа во Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции“, велат од МЗ.
Оттаму додаваат дека во изминатово деноноќие пријавени се осум починати лица, 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани биле и 784 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132“, велат од МЗ.
Ви последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а досега во земјава се направени вкупно 1.706.696 тестирања на КОВИД-19.