Министерството за здравство информира дека во последниве 24 часа се регистрирани 1.375 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 852 во Скопје, 135 во Битола, 7 во Прилеп, по 38 во Куманово и Кавадарци, по 25 во Охрид и Штип, 21 во Струмица, 18 во Ресен, по 14 во Тетово и Гевгелија, 13 во Неготино, а по 1о во Гостивар, Велес и Радовиш.
Во Валандово се регистрирани девет нови случаи, осум во Пробиштип. Демир Хисар и Крушево, по седум во Кичево и Богданци, по шест во Делчево и Крива Паланка, пет во Кочани, по три во Струга, Виница и Македонски Брод, а по два нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Дебар, Кратово и Пехчево.
Од надлежното министерство известуваат дека пријавени се две починати лица – едно од Скопје, на 75 годишна возраст и едно од Кавадарци, на 65 годишна возраст. Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од.
„Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818“, велат од МЗ.
Дополнително, оттаму информираат дека е регистриран првиот случај на флурон во земјава. Флурон е комбинирана инфекција од вирусот со грип и коронавирусот, која е регистрирана кај 26 годишен пациент од општина Зајас.
Според информациите од надлежните институции, тој непосредно пред 31 декември 2021 година се вратил од САД, каде претходно се ревакцинирал.
Лицето е пуштено на домашно лекување, бидејќи немало тешка клиничка слика.