Властите во источниот дел на Полска наредија евакуација на речиси 10.000 лица и привремено затворање на патот што води кон Белорусија, со цел да биде извадена и деактивирана голема бомба останата од Втората светска војна.
Германската бомба, со тежина од 500 килограми, беше најдена во четвртокот за време на градежни работи на улица во градот Бјалисток, на 190 километри североисточно од Варшава.
Утрово почна евакуацијата на лицата кои живеат во регионот каде се наоѓа бомбата.
Во текот на денот деминери ќе ја пренесат бомбата на полигон, каде ќе биде деактивирана.