Некогаш засолниште за модернистичките пионери, естетско натрупаната книжарница сега е легендарна, позната по тоа што им дозволува на патниците да преноќат доколку напишат автобиографија.
Во моментов има 4.000 оценки за „Шекспир&Kомпани“ на „TripAdvisor“. Многу од нив ја опишуваат продавницата како „магична“ или „како во сон“. Некои го споменуваат нејзиното богато минато – познатите писатели, меѓу кои и Ф. Скот Фитџералд, Џејмс Џојс и Ернест Хемингвеј кои неретко ја посетувале, како и филмовите и ТВ-програмите кои се снимaле таму. Дури и оние што не ја оценуваат продавницата – кои се жалат дека е преполна и хаотична – препорачуваат да ја посетите, да зборувате за нејзината историја и нејзината атрактивна локација.
Како обележје на Париз, кое овој месец ќе наполни 100 години, библиотеката е рангирана под Ајфеловата кула и над распаднатите ангели на гробиштата Пер-Лакаиз. Но, како една книжарница одеднаш стана место за пребегнување, туристичка атракција и обележје на еден град?
Голем дел од моќта да привлече туристи на „Шекспир&Компани“ потекнува од нејзината гламурозна историја. Оригиналната продавница е основана од Силвија Бич, американска иселеничка по Првата светска војна, која ја намамил парискиот начин живот и намалената вредност на франците. Животната приказна на Бич и онаа на „Шекспир&Компани“ не можат да се поделат. Таа и нејзинaта долгогодишна партнерка Адриен Мониер, ја отворија книжарницата во Париз во 1919 година. Книжарницата била омилено место на ѕвездите на француската книжевна сцена, како Валери Ларбауд, Џил Ромејн и Езра Паунд. Веднаш потоа, книжарницата почнале да ја посетуваат Т.С. Елиот, Џејмс Џојс, Хемингвеј и Фицџералд кој од сопственичката е опишан како „еден од нашите одлични пријатели“.
Локација на книжарницата, која е во близина на Нотр Дам, го има задржено боемскиот шарм што го оставиле уметниците и интелектуалците. Зачудувачка е и новината наречена „Tumbleweeds“, според која надежните писатели можат да останат во продавницата бесплатно; тие мора да помогнат во неколкучасовна работа, да читаат една книга на ден и да напишат кратка автобиографија.
Во книжарницата/салон на Бич, писателите се запознавале со уредници, издавачи, млади и стари, почитувани и непознати. Постојат црно-бели фотографии од ова време, на кои Бич стои пред книжарницата со Хемингвеј, човекот што таа го запозна со делата на Тургењев и Д.Х. Лоренс, лика и прилика на машкоста.
Хемингвеј и Џојс се ѕвездите на ова милје. Покрај продажбата на книги, Бич била и издавач. Во 1922 година, таа за прв пат го објавила „Улис“ на англиски јазик, печатејќи 1.000 нумерирани копии на рачно изработена хартија. (Наскоро Џојс ќе ги продаде правата на „Улис“ на друг издавач, што ќе ја доведе Бич до банкрот).
Наводно, одбивањето да ја продаде последната копија на „Бдеењето на Финеган“ на германски војник довело до затворање на книжарницата- војникот се заканил дека ќе ги конфискува книгите на Бич, кои биле скриени на четвртиот кат. Таа ги засолнувала американските војници, го криела Артур Кестерлер во таванот од нацистите и била однесена во камп поради нејзините антифашистички размислувања.
Можеби најинтересен аспект на легендата за „Шекспир&Компани“ е тоа што не била повторно отворена по војната. Сегашната „Шекспир&Kомпани“ била отворена во 1951 година од Џорџ Витман, кој го добил името според Бич. И новите простории привлекуваат историски личности – Џејмс Болдвин, Ален Гинсберг, Анасис Нин и Бертолт Брехт поминале низ нејзините врати – но на овој период му недостасува меѓувоената романтичност на првата продавница. Туристите кои се собираат во „Шекспир&Компани“ сè уште зборуваат за модернистичките литературни џинови. Повеќе од продавница, „Шекспир&Компани“ е легенда.