Фејсбук издвои 100 највлијателни книги кај корисниците на социјалната мрежа анализирајќи ги податоците на виралното меме, односно предизвикот кој трае цела година со едноставно барање: „Предизвикај ги твоите пријатели во нивниот статус да напишат 10 книги кои им оставиле најголем впечаток“.
„ Не ви се потребни повеќе од неколку минути и не мислете премногу. Тоа не треба да бидат „вистинските“ книги или вистински литературни ремек дела, туку оние кои влијаеле на вас, на некаков начин“, се појаснува во барањето.
Илјадници корисници на мрежата одговорија на ова барање со повеќе 130.000 статуси до втората половина на август. Вработените во Фејсбук Lada Admaic и Pinkesh Patel го направија истражувањето и го објавија во понеделникот.
Според одговорите, 63.7% од статусите доаѓаат од САД, следат 9.3% во Индија и 6.3% во Велика Британија. Жените се побројни од мажите во размер 3.1:1. Просечна возраст на тие што одговориле на предизвикот е 37 години.
Зачудувачки или не, серијата книги за Harry Potter се најде на врвот на листата. Други едиции со слична тематика кои се најдоа во првите 10 се и „Lord of the Rings“ на третото и „The Chronicles of Narnia“ на десето место. Класиците како „Little Women“ се најдоа на 13 место, односно „Catch 22“ на 68. Во првите 100 се вброија детските класици „Matilda“ (96) и „Where the Sidewalk Ends“ (77), додека книгата за млади „The Fault in Our Stars“ го зазема 42-то место на листата на Фејсбук.
Целата листа највлијателни книги според анализата на Фејсбук може да се погледне ОВДЕ.
Извор: Mashable