Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 28 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите.
Имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор, Трендафилова Дарија и Шапкарова Ана.
Настанот ќе се одржи на 12 април, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 24 април, заедно со другите учесници во официјалната програма.
„Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката“, велат организаторите.
Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април, е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Традуки, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, кафе-книжарницата „Буква“, ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Умно, Кајгана и Култура Бета.