11 предвидувања за крајот на „Breaking Bad“

Еден од најочекуваните завршници на телевизиска серија во последните години ќе се случи вечерва, кога се емитува последната епизода од хит-серијата Breaking Bad. Кабелската мрежа AMC ја објави најавата за финалето на серијата, која не открива многу за расплетот на замрсеното сценарио.

Сепак, фановите на серијата, врз основа на претходните епизоди, предвидуваат како би можела да се развива последната епизода:

1. Волт ќе сфати дека нацистите не го убиле Џеси, како што ветија

11 предвидувања за крајот на „Breaking Bad“

Синиот „мет“ е уште на пазарот, што значи дека Џеси е се уште жив. Волт и натаму е човек кој не смеете да го лажете. Откако нацистите најрпвин му ги зедоа парите, а потоа и го излажаа, тој може да тргне во одмазда.

2. ФБИ ќе го следи Волт на секој негов чекор на патот назад до Њу Мексико

Волт сигурно ќе се обиде да стигне до Њу Мексико, но сигурно е и дека ќе има пречки на тој пат. Ова веројатно значи и дека тој ќе мора да убие невини луѓе, за да стигне незабележан каде што сака да оди.

3. Пушката и муницијата ќе бидат употребени против Џек и неговите пријатели-нацисти

Гневниот Волт ќе тргне во одмазда против нацистите, кои му го украдоа „животното дело“ (69 милиони долари во кеш, спакуани во буриња). Тој ќе го нападне нивнот седиште и ќе ги убие Џек и сите што ќе ги затекне.

4. Волт ќе го убие Џеси

11 предвидувања за крајот на „Breaking Bad“

Волт е човек што нема што да изгуби – тој веќе го нема семејството, парите и репутацијата. Кога нареди да го убијат Џеси, тој вистински го мислеше тоа. Убивањето на Џеси не е само нешто што треба да се направи, туку тоа може да биде начин да го спаси поранешниот соработник од маките. Сепак, можно е и Џеси да се обиде да го убие Волт, особено што сега е гневен како никогаш, откако виде како му ја убиваат поранешната девојка.

5. Тод и Лидија ќе го преживеат обидот за одмазда на Волт и ќе продолжат да работат заедно

Тод отсекогаш имал почит за Волт, што може да му го спаси животот. Дополнително, Џек може да му помогне на Тод да избега, по што тој би продолжил со бизнисот како главен „готвач“, а и Лидија би ја задржала својата позиција во бизнисот.

6. Хјуел се уште го чека Хенк да се врати

7. Керол се уште ќе стои замрзната на местото на кое го виде Волт

8. Волт нема да биде фатен

11 предвидувања за крајот на „Breaking Bad“

Волт не е човек кој би седел во затвор, па попрво би бил убиен, отколку да дозволи да оди зад решетки

9. Волт ќе се врати за уште еднаш да го види семејството, по што неговите најблиски ќе влезат во програмата за заштита на сведоци

Волт цело време тврди дека негова единствена мотивација е семејството, иако е очигледно дека и моќта и парите имаат влијание. Волт ќе оди да си го види семејството без оглед на цената, за да се збогува и да се обиде да им ги однесе парите кои преостанаа. По ова Волт веќе никогаш нема да ги види најблиските.

10. Волт ќе ги признае делата кои ги направил пред камера

11 предвидувања за крајот на „Breaking Bad“

Во своето снимено признание, Волт сепак, на свој начин ќе успее да го спаси семејството, со тоа што ќе се жртвува себеси. Ќе тврди дека Скајлер не знаела ништо за криминалот во кој бил вмешан, а во тој случај неговото семејство нема да биде судено, затоа што Волт ќе си пресуди себеси.

11. Волт ќе го искористи рицинот на себе

Покрај неговата репутација како „големиот Хајзенберг“, Волт во серијата покажа дека знае да биде кукавица. Имајќи го ова предвид, тој би можел да изврши самоубиство, наместо да и се предаде на полицијата. Тој би можел да го испие отровот кога повеќе ќе нема излез, можеби откако ќе го сними признанието.

Извор