Жените ќе доминираат во новиот состав на Владата на Албанија откако Премиерот Еди Рама го соопшти новиот состав на неговиот тим, во кој на 12 од 16-те министерски позиции се назначени жени.
Истовремено и Претседателката на Собранието исто така ќе биде жена. Линдита Никола ќе го замени Грамоз Ручи.
Олта Џачка ќе раководи со надворешните работи, Делина Ибраими со финансиите, Белинда Балуку со инфраструктурата, Елвис Куши со здравството а Елва Маргарити со културата. Огерта Манастирлиу со образованието,
Фрида Крифча ќе го води секторот во земјоделието, а Мирела Кумбаро за туризам. Четирите министерства без ресор ќе бидат целосно исполнети со жени: Елиса Спиропали, Едона Биљали, Милва Економи и Бора Мужаќи.
Рама на пресконференцијата на која го соопшти новиот владин состав посочи дека личните интереси претежно се главен мотив за политички ангажман, а порача и дека треба да престане праксата на замена на гласови за вработувања или пак функционерите на власт да ги вработуваат своите блиски во државната администрација.