Тимот на „НордВПН“ кој стои зад „НордПас“, алатката за управување со лозинки соработуваше со независни истражувачи за да ја издаде студијата за 200 најчести лозинки во 2023 година, пренесува Си-ен-би-си.
Од 20-те најчесто употребувани лозинки, 17 може да се пробијат за помалку од секунда, па затоа, пишува Си-ен-би-си, размислете два пати пред да се одлучите за лозинката „123456“ па дури и за уште покреативната „лозинка“ со која ги заштитувате вашите онлајн сметки.
Иако заканите за сајбер безбедност продолжуваат да се зголемуваат, токму најпопуларните лозинки се едни од најмрзливите комбинации.
Студијата на „НордПас“ покажува дека 86% од сајбер нападите користат украдени акредитиви, а онлајн сметките, мејловите и лозинките сочинуваат 20% од најпродаваните податоци на темната мрежа (dark web).
Погледнете ги најкористените 20 лозинки за 2023 година:
1. 123456
2. admin
3. 12345678
4. 123456789
5. 1234
6. 12345
7. password
8. 123
9. As123456
10. 1234567890
11. UNKNOWN
12. 1234567
13. 123123
14. 111111
15. Password
16. 12345678910
17. 000000
18. admin123
19. ********
20. user