Најпопуларната лозинка во светот е лесна за погодување, тоа е 123456, покажува сеопфатна анализа на 10 милиони „протечени“ лозинки.
Во 2016 година имаше повеќе големи хакерски напади, преку кои лозинките на илјадници луѓе беа откриени онлајн. Овие лозинки им помогнаа на истражувачите да ги откријат безбедносните навики на милиони луѓе.
Компанијата за безбедност „Keeper“ откри дека дури 17 отсто од луѓето ја користат основната и несигурна лозинка 123456.
На второ место се најде лозинката 123456789, по што следува qwerty. Следни на листата се 12345678 и 111111.
„Четири од топ 10 лозинки на листата, и седум од топ 15, се со шест или помалку карактери. Ова е зачудувачки поради фактот што, како што објавивме, денешниот софтвер за хакирање може да ги открие тие лозинки за неколку секунди. Операторите на веб-страниците кои дозволуваат толкава слаба заштита, или се мрзеливи, или се невнимателни“, пишува еден од истражувачите.
Покрај ова, од „Keeper“ велат дека препораките за добра безбедност не успеваат да стигнат до многу луѓе.
„Листата на најчесто користени лозинки се сменија малку во изминатите неколку години“, пишува во извештајот. „Тоа значи дека едукацијата на корисниците има граници. Она што е важно за нив е да бидат свесни на ризиците, мал дел од нив никогаш нема да се потрудат да се заштитат. ИТ администраторите и операторите на веб-страниците се тие што мора да ја завршат нивната работа“.
Долгите лозинки може да бидат потешки за паметење. Но тоа, не е изговор за да се користат лесни лозинки. Експертите ги советуваат луѓето да користат различни, силни лозинки за секој сервис или веб-страница на кои имаат профил.
Во продолжение, листата на 25-те најкористени лозинки во светот:
1. 123456
2. 123456789
3. qwerty
4. 12345678
5. 111111
6. 1234567890
7. 1234567
8. password
9. 123123
10. 987654321
11. qwertyuiop
12. mynoob
13. 123321
14. 666666
15. 18atcskd2w
16. 7777777
17. 1q2w3e4r
18. 654321
19. 555555
20. 3rjs1la7qe
21. google
22. 1q2w3e4r5t
23. 123qwe
24. zxcvbnm
25. 1q2w3e