Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 6 лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 13, пет лица се целосно вакцинирани.
Во последните 24 часа потврдени се 1.172 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 629 случаи во Скопје, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19 и 11 во Струга.
Потоа, регистрирани се 9 случаи на Ковид-19 во Неготино, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2 и по 1 во Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран.
Од вкупниот број позитивни – 1.172, регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 553 оздравени пациенти, односно од Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3 и по 1 од Виница и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 4.021 тест.