Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале 3 лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г).
Во последните 24 часа потврдени се 469 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 205 случаи во Скопје, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7 и 6 во Гевгелија.
Потоа, регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Струмица, Неготино, Ресен и Кратово, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран.
Регистрирани сe 375 оздравени пациенти, односно од Скопје – 178,Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2 и по 1 од Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.421.951 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.296 тестови.