Вкупно 15 македонски гејмери во три различни игри од утре до недела ќе се натпреваруваат на најголемиот гејмерски настан досега одржан на овие простори – Интернационалнииот гејминг фествиал (ИГФ) во Нови Сад ().
Ова ќе биде прв ваков собир на најдобрите играчи од Балканот и пошироко, а нашите гејмери се под капата на тимот Мисчивиус и ќе се натпреваруваат во Дота 2, Каунтер Страјк: Глобал Офенсив (ЦС:ГО) и Хартстоун. Прв на програмата е тимот во Дота 2, кој веќе утре од 9 часот наутро ќе влезе во „Battle Arena“. Следни се играчите на Хартстоун, кои в сабота, исто така од 9 часот ќе го имаат својот настап, а програмата ќе ја затворат играчите на ЦС:ГО, кои во истата сатница ќе настапат во недела.
Настапите на сите наши играчи ќе можете да ги следите во живо на: www.twitch.tv/igf_tv, а дополнителни вести, фотографии и информации од настанот може да добиете ако кликнете „лајк“ на нивната страница на Фејсбук.
Ова патување немаше да биде возможно без поддршката на тим-менаџерот Алан Кастиљо, првиот човек на студиото за анимации Линкс, кој безрезервно застана зад некои од нашите најдобри гејмери и ги помогна како финансиски, така и логистички, велат од тимот.