Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале по 3 лица од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), 2 лица од Куманово (88г и 76г) и едно лице од Берово (75г).
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61г, од ) кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 490 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 209 случаи во Скопје, Битола – 42, – , Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8 и по 7 во Струмица и Крива Паланка.
Потоа, регистрирани се 6 случаи на Ковид-19 во Радовиш, Кичево и Богдаци – по 5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2 и по 1 во Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод.
Регистрирани сe 484 оздравени пациенти, односно од Скопје – 233, Битола – 37, Куманово – 28, Кочани – 22, Велес и Гевгелија – по 19, Кавадарци – 18, Штип – 17, Охрид – 15, Тетово – 11, Струмица и Пробиштип – по 9, Кичево – 8, Неготино – 7, Каратово – 6, Свети Николе – 5, Радовиш – 4, Ресен и Богданци – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.869 тестови.