Министерството за здравство информираше дека во последнте 24 часа се регистрирани 154 нови случаи на Ковид-19 и тоа 118 во Скопје, 12 во Куманово, 5 во Кавадарци, по три во Прилеп и Битола, по два во Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка, а по еден нов случај е регистиран во Струмица, Виница и Кратово.
Оттаму соопштуваат дека пријавени се 12 починати лица, од кои 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови
Регистрирани како оздравени се 408 пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786“, велат од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања.
ОД Министерството за здравство соопштуваат дека за 40 отсто е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август.
Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% во државата се ковид позитивни.
По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст. Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст.
Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација. По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп.
Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен.
Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести.