Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 155 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 113 во Скопје, 8 во Кавадарци, по шест во Куманово и Битола, по 4 во Прилеп и Кочани, три во Ресен, по два во Охрид, Гевгелија и Неготино, а по едно новозаразено лице е регистрирано во Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод.
Оттаму дополнуваат дека регистрирани се 13 починати лица – 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г, и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г и 50г), по 2 починати лица од Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Од Министерството дополнуваат дека се регистрирани 387 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290“, велат од Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на КОВИД-19, а во последното деноноќие направени се 1.179 тестирања.