159.000 деца вакцинирани против детска парализа во централниот дел на Појасот Газа

Повеќе од 159.000 деца биле вакцинирани против детска парализа во централниот дел на Поајсот Газа во изминативе два дена, пишува „Анадолу“.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека има голем одзив за вакцинацијата која е наменета за деца под десет години, а се спроведува од Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток УНРВА.

Со вакцинација против детска парализа во Појасот Газа ќе бидат опфатени повеќе од 600.000 деца на возраст под десет години.

Светската здравствена организација претходно објави и  дека вакцинациите во Деир ал Белах, лоциран во централниот дел на Појасот Газа, ќе продолжат до 4 септември.