Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 1.350 тестирања.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје-75, Куманово-14, Тетово-13, Кочани-12, Струмица-10, Штип-5, Битола-5, Прилеп-5, Радовиш-4, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Виница-2, Велес-2, Охрид-2, Пробиштип-1, Валандово-1, Струга-1, Свети Николе-1 и Дебар-1.
Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81 години) и еден од Штип (81 година).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.
Направените 1.350 теста се преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-291, Биотек-173, МАНУ -141, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -108, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-3, ГАК-13, Синлаб-12, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Немало тестирања во рамките на скринингот.
Од Министерството за здравство информираат и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.