17 лица загинаа во израелски напад врз училиште во Газа

17 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште претворено во шелтер во централниот дел на Газа, соопшти болницата Ал-Авда го Газа.

Канцеларијата за медиуми предводена од милитантната група Хамас ја соопшти истата бројка и рече дека се работи за училиште кое се користи како засолниште за принудно раселените луѓе. Видеа од сцената, проверени од „Би-Би-Си“ покажуваат ранети деца на кои им помагаат мажи.

Израел кажа дека целеле кон управувачки центар на Хамас и дека местото „го користата терористите за да планираат и изведуваат терористички напади“ против Израел и неговите трупи.

Од убиените 17 лица, 9 биле деца, а по нападот има 52 ранети.

Во последните недели Израелските одбранбени сили (ИДФ) погодија неколку згради низ Газа кои се користат како засолништа, на што изјавуваат дека целеле кон персоналот и инфраструктурата на Хамас.

Израел не дозволува меѓународни медиумски организации, вклучувајќи го и „Би-Би-Си“ да имаат независен пристап во Газа што ја отежнува проверката на факти на терен, па затоа, како што велат од сервисот, се потпираат на видео снимки, сведочења и на официјалните изјави кои стигаат од двете страни.

Во северниот дел на Газа, ИДФ ја интензивира повеќенеделната офанзица против, како што вели, борците на Хамас кои се рерупирале таму.

Најмалку 650 луѓе се убиени во Газа отпочетокот на новата офанзива на северот, според министерството за здравство предводено од Хамас.

Израелската војска изјави дека ја олеснува евакуацијата на цивилно населените, додека продолжува да „оперира против терористите и теориристичката инфраструктура“.

Но, жителите кои не сакаат или не се во можност да се придржуваат до наредбите за евакуација на ИДФ живеат во сè поочајни услови со храна и други основни резерви кои се при крај.

Канцеларијата на Обединетите нации соопшти дека за време на првите три недели од октомври, израелските власти дозволиле во Газа да влезат само четири од 70 координирани мисии за помош.

САД минатата недела го предурпреди Израел итно да дозовли да влегува повеќе помош или ќе ја скрати воената помош.

Последната фаза од кампањата за итна вакцинација против детска парализа беше одоложена од агенциите на Обединетите нации поради интензивните бомбардирања од страна на Израел, масовните раслеувања и намалениот пристап.

Последната фаза е поттикната од првиот случај на детска парализа кој се појави првпат во 25 години, кога машко бебе остана парализирано. Таа требаше да започне во средата.

Речиси 120.000 деца во северниот дел од Газа очекуваа да примат втора доза од оралната вакцина против детска парализа.