[Кампања]17 мај – светски ден на борба против хомофобијата

17 мај е Светски ден за борба против хомофобијата и трансфобијата. Во недостиг на можности од кампања во физички простор, затоа што сите обиди резултираа со кинење и уништување на промотивниот материјал, како и напади и заплашување на активистите, ЛГБТ здруженијата од Македонија најголем дел од  кампањата на овој ден ја селат во виртуелниот простор.

За таа цел, ги замолуваат сите што сакаат да ја поддржат оваа кампања и сакаат  да се приклучат на заедничката борба против хомофобијата и трансфобијата денеска на нивните Фејсбук профили да закачат една од предложените профил слики и Кавер-фотографии. Во текот на денот, но и целата оваа недела, активистите од Коалицијата „Сексуални и здравтсвени права на маргинализираните заедници“ и „ЛГБТ Јунајтед“ ќе споделуваат видео клипови за поддршка снимени со јавни личности од Македонија и гиф-ови со промотивна содржина кои исто така се отворени за споделување на социјалните мрежи.

На Твитер, акцијата има хаштаг #17тиМај, кој може да се користи за споделување на промотивните материјали од кампањата. Ви благодариме на поддршката и солидарноста. Борбата за подобро општество е наша заедничка цел! Комплетните промотивни материјали на македонски, албански и англиски јазик може да се симнат на следниов линк.

17 мај - светски ден на борба против хомофобијата

 

17 мај - светски ден на борба против хомофобијата

 

17 мај - светски ден на борба против хомофобијата

 

17 мај - светски ден на борба против хомофобијата

 

17 мај - светски ден на борба против хомофобијата