Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 15 лица. Починале 7 лица од Скопје (44г, 54г, 61г, 67г, 71г, 73г и 94г), по 2 лица од Кавадарци (37г и 72г) и Радовиш (51г и 79г) и по едно лице од Кратово (93г), Куманово (92г), Прилеп (82г) и Крива Паланка (78г).
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 436 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 218 случаи во Скопје, Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани – по 14, Штип – 13, Делчево – 12, Охрид – 9, Струмица и Берово – по 7 и 6 во Ресен.
Потоа, регистрирани се 5 случаи на Ковид-19 во Крива Паланка, по 4 во Неготино, Виница и Македонска Каменица, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 3, Радовиш, Пробиштип и Кратово – по 2 и по 1 во Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран.
Регистрирани сe 336 оздравени пациенти, односно од Скопје – 142, Битола – 29, Прилеп – 25, Велес – 20, Штип и Струмица – по 18, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Куманово – 11, Берово – 8, Неготино и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Делчево, Ресен, Кратово и Гостивар – по 3, Виница и демир Хисар – по 2 и по 1 од Македонска Каменица, Кичево, Радовиш и Пехчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.465.204 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.447 тестови.