Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Како што соопштуваат од Обвинителството, момчето на 2 мај, во куќа на улицата „Димката А. Габерот” во Кавадарци, додека двајца инспектори од МВР сакале да фатат побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот, заедно со затвореникот, кој давал отпор при обидот да биде лишен од слобода, ги нападнал полицајците, се нафрлил врз еден од нив, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.
„Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена“, соопштува Обвинителството.