Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 15 лица. Починале 5 лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г).
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебари едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови”, стои во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа се потврдени 111 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 83 случаи во Скопје, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2 и по 1 во Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија.
Регистрирани сe 165 оздравени пациенти, односно од Скопје и Куманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2 и по 1 од Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957“, се додава во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.529 тестови.