Уште тројца палестински новинари беа убиени во израелските напади во Појасот Газа во неделата, со што вкупниот број на убиени медиумски работници од минатата година достигна 180, соопшти владината канцеларија за медиуми, пишува „Анадолу“.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа ги идентификуваше убиените новинари и соопшти дека се дел од реадкциите на локалната ТВ Ал-Акса, новинската агенција Санад и Фондацијата Ал-Кудс.
Канцеларијата на владата апелираше до меѓународната заедница и новинарските организации да интервенираат за да го одвратат Израел и да го гонат пред меѓународните судови и да извршат притисок да се запрат убиствата на палестинските новинари.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.
Оттогаш, според локалните здравствени власти, загинале речиси 43.000 луѓе, главно жени и деца, а повеќе од 100.000 биле повредени.
Израелскиот напад го раселе речиси целото население на Појасот Газа поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.