Тајм Аут Индекс во соработка со компанијата „Тејпстру Рисрч“ спроведе истражување за најдобар град за живеење врз основа на одговорите на 34.000 анонимни жители од целиот свет, на кои им се поставени прашања за задоволството за живот во нивните градови, вклучувајќи ја цената и квалитетот на храната, пијалакот, културниот и ноќниот живот, соседството и чувството на задоволство и среќа.
Во истражувањето била вклучена и глобална мрежа на уредници и туристички експерти, а се оценувале, исто така, и пристапноста, убавината и организацијата на живот.
Топ 10 листата изгледа вака:
Њујорк, САД – Севкупен победник е Њујорк. Тој е светски град број еден за култура, втор по квалитет на храна и трет по квалитет на пијалаци. Неговите жители спаѓаат меѓу најсреќните на светот.
Мелбурн, Австралија – Има повеќе простори за жива музика по жител од каде било на друго место. Музичката сцена во Мелбурн е повеќе од успешна: дури 25 отсто од жителите редовно одат на музички концерти. Тие се воедно и втори најсреќни луѓе на светот, а градот е втора најкреативна метропола на светот.
Чикаго, САД – Градот на Средниот запад се наиде на оваа листа благодарејќи на одличната понуда на храна и пијалаци, а повеќето негови жители се сметаат за многу среќни бидејќи живеат во него.
Лондон, Велика Британија – Само шест отсто од граѓаните на Лондон изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а речиси 80 проценти одговориле дека се среќни. Тие нагласиле дека тоа е еден од најдинамичните, најразновидните и најкреативните градови на светот.
Лос Анџелес, САД– Жителите го опишуваат како град на различност, креативност и динамичност.
Монтреал, Канада – Разновидноста, динамичноста и креативноста е она што е најдобро во Монтреал, а тој воедно е и град со второ најкратко работно време во светот.
Берлин, Германија – Импресивни 84 отсто од жителите на Берлин сметаат дека градската сцена е неверојатна, а висока оценка добил и за инклузивност, креативност и прифатливост.
Глазгов, Шкотска – Тој е можеби мал и дождлив град, но неговите жители затоа и го сакаат многу. Му даваат висока оценка поради љубезноста на неговите жители, поради музиката, добрите ноќни клубови и одличната храна.
Париз, Франција – Според истражувањето, жителите на Париз имаат повеќе секс од кој било друг гард и најмногу посетуваат музеи и галерии.
Токио, Јапонија – Многумина го сметаат за најубав град во Азија и повеќето луѓе ширум светот би сакале да го посетат во 2019 година.