„1984“ е избарана за најдобра претстава на 18. МТФ „Скупи фестивал“

Претставата „1984“ работена по романот на Џорџ Орвел во режија Игор Менџиски, а во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина ја доби наградата за најдобра претстава на годинешното 18. издание на МТФ „Скупи Фестивал“. Одлуката ја соопшти жири-комисијата во состав на театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија.

Специјалната награда „Луран Ахмети“ жирито ја додели за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата „Гидионов Јазол“, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ, а во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина.

Во рамки на МТФ „Скупи фестивал“ се доделува и специјална награда за најдобра режија која овој пат отиде во рацете на „Елементарни Честички“ од Мишел Уелбек, режија Крис Шарков, од националниот бугарски театар Иван Вазов од Софија.

18. издание на фестивалот беше затворено „Елементарни Честитки“. Во претставата играат Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николлов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева.

За Елементарните честички на Мишел Велбек, важат сите синоними на зборот пркосен. Романот, кој му донесе светска слава, на провокативен, смел, арогантен, дури и навредлив начин ги открива проблемите на современото европско општество. Преку фасцинантните приказни на двајца браќа – пропаднат писател и светски признат научник-биолог, зборуваме за љубовта во ерата на супер-технологијата. Прашањата се поставуваат со смелост, но и со идеалистички поглед на иднината на народот.Предизвик е да се донесе на сцена роман толку важен за разбирање на процесите на новото време. Ироничен и парадоксално лирски е пристапот на тимот, кој одговара на разбирањето на авторот. Осуден да живее, човекот лесно раскинува со минатото и само учи да ги препознава звуците на иднината. Претставата е општествена дистопија која се прашува дали во еден дехуманизиран свет човекот ја задржува својата способност да сака. Одговорот се бара со патување наназад и напред во времето. Носители се драматургот, режисерот и актерите, а за кои авторот Велбек е важен водич во разбирањето на новата парадигма“, се вели во описот за претставата.

Во годинешната програма се одиграа „Деца од Прашина“, од независниот театар цие. Toula Limnaios од Берлин, Германија и монодрамата „Нижински“ од L’Amphitheater & Oh DA! Букурешт, Романија. И оваа едиција Скупифестивал имаше во програмата и театарска работилница, со режисерката Сенем Џехвер од Турција, главна тема на оваа работилница беше интерпретација со маски.

МТФ Скупифестивал беше поддржан од Министерството за култура, Бугарскиот Културен  Информативен  Центар  во Скопје, Гете Институт, Телеком на Македонија, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и радио телевизија на Македонија.