Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа пет во Куманово, по четири во Скопје и Битола, три во Прилеп, а по еден новозаразено лице е регистрирано во Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка.
Од министерството истакнуваат дека во последните 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (63 и 78 години), а и двете лица починале во болнички услови.
Регистрирани се 30 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425“, се вели во соопштението на МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања.