20 причини да „откачите“ се и да заминете во Шпанија

Шпанија се наоѓа на врвот на листата омилени држави за младите, позната по своите долги плажи, восхитувачка архитектура, одлична храна.

1. Медитеранскиот брег е рај…

2014-01-15-SantJosepdesaTalaiaNaxos.jpg

Плажите овде се помеѓу најпознатите во Европа.

2. …А планините се веднаш зад плажите.

2014-01-15-PicosdeEuropaAdrinVzquezFernndez.jpg

Шпанија е втората држава со најмногу планини во Европа, веднаш зад Швајцарија.

3. Тука се најдобрите ресторани на светот

2014-01-15-guiarepsol.jpg

Рестораните како тој на Ferran Adriа или ресторанот El Celler de Can Roca, се најдоа на престижните светските листи за најдобар избор во 2013 година.

4. …Но и најстарите на светот.

2014-01-15-CasaBotinMadridCiudad.jpg

Casa Botín е најстариот ресторан во светски рамки кој работи без прекин од 1725 година, каде дури и сликарот Goya работел како келнер.

5. Овде има и египетски храмови.

2014-01-15-TemplodeDebodPilarAlvarezBartolome.jpg

Ваков храм има во самиот центар на Мадрид, Temple of Debod е подарок од Египет во 1968.

6. …Но има и римски остатоци…

2014-01-15-RomanTheatreRodrigoNieto.jpg

Италија е лидер во овој поглед, но но старат „Hispania“ сепак чува римски остатоци како Roman theatre во Мерида кој се уште се користи за настапи.

7….И мавритански палати.

2014-01-15-AlhambraEvaPM.jpg

Маврите овде владееле 800 години и имаат големо влијание, од јазикот па се до градбите како Alhambra во Гранада.

8. Журките се легендарни

2014-01-15-TomatinaAlbergueTurismoRuralActio.jpg

Најпознат настан е борбата со домати „Tomatina“ која се одржува еднаш годишно и лани собра околу 100.000 посетители.

9. …А има и многу забави кои допрва ќе се откриваат.

2014-01-15-CascamorraViveydeja.jpg

Повеќето шпански села имаат свои летни празници- фиести, на кои има од народни танци до битки со бои, бакнежи, грозје, или портокали.

10. Овде има прекрасни катедрали…

2014-01-15-SagradaFamiliasantcer.jpg

Најпознато е ремек делото на Гауди – La Sagrada Familia.

11…. Илјада години стари џамии …

2014-01-15-CordobaMosqueRomainLabadie.jpg

Mezquita во Кордоба е единствено вакво дело во Европа и е дел од светското наследство од 1984 година.

12….И неверојатни водени паркови!

2014-01-15-MartinezLakeIreth.jpg

Lago Martianez – оаза со солена вода, палми и вулкански камења од Тенерифе ги издигнаа водените паркови на ново на уметност.

13. Целиот реон е опкружен со мали скриени плажи

2014-01-15-MenorcaMenorcaEnBarco.jpg

Малите заливи се вообичаени во Шпанија, дополнети со кристалната сина вода нудат совршено уживање.

14. Овде се произведува можеби и најдоброто вино на светот…

2014-01-15-ViaRealAlavaIncoming.jpg

Регионот „La Rioja“ ги дава најубавите вина кои се светски признати (Wine Spectator’s Best Wine of 2013). Освен што се одлични, тие се и зачудувачки достапни.

15….И добивате бесплатна храна ако нарачате пијалок.

2014-01-15-PataNegraAnaliaPlaza.jpg

Да се послужи нешто вкусно со пијалокот е дел од вековната шпанска традиција. На некои помали места, може да се случи да донесат и вистинска вечера само со нарачување чаша пијалок.

16. Може да ја посетите и куќата на Салвадор Дали…

2014-01-15-SalvadorDaliHouseMayLopez.jpg

Овде се наоѓаат бесценети уметнички дела (Salvador Dalí House-Museum)

17….Но во Шпанија може да јадете и пилешко на скара поставена врз активен вулкан.

2014-01-15-ElDiabloRestaurantNaxos.jpg

На вулканскиот остров Lanzarote, може да се тргне на утринско искажување до вулканот во националниот парк Timanfaya, како и да се ужива во храната приготвена овде.

18. Луѓето ги украсуваат своите домови

2014-01-15-CourtyardsofCordobaZuSanchez.jpg

Андалузија е полна со живописни селца, сонце а Кордоба дури организира годишен натпревар за„најцветен“ двор.

19. Има безбројни варијанти на познатата шпанска паела (paella)

2014-01-15-ElCordobesAnadel.jpg

Од ориз со зајачко, до школки и ракчиња, паелата ја има во десетици локални варијанти и е гордост во многу провинции.

20. Медитеранскиот начин на живот!?

2014-01-15-AiguaXelidaFitoRodriguezSerrano.jpg

Додека голем број стереотипи се повеќе митови од  факти, културата на долги семејни оброци, неделните дремки и летата минати на брегот, се реалност за овие жители.

Извoр Huffingtonpost