Твитерџијата „Chris the Barker“ најде начин како да се „збогува“, но и соодветно да ја одбележи 2016 година. Направи постер со повеќе личности кои починаа во годината што изминува, а на долниот дел стои натписот „Brexit“.
Постерот е инспириран од коверот на албумот на „Битлси“ – „Sgt’ Peppers Lonely Hearts Club Band“.
На постерот можат да се забележат Дејвид Боуви, Леонард Коен, Принс, Џин Вајлдер, Ален Рикмен, Јохан Кројф, Мухамед Али… Може да се види и капче со натпис „Make America great again“, чоколадо „Тоблероне“, но и амблем на фудбалскиот клуб „Лестер“.
@KateAitken1 @ThePoke Here are the answers. You’re one of only 2 people who’s asked for them! pic.twitter.com/S9qwXmDNdk
— christhebarker (@christhebarker) November 10, 2016