Лекси Алфорд имала 21 година кога стигнала до секој агол на земјината топка. Сега на само 22 години, таа ги користи своите онлајн платформи за да ги инспирира младите патувачи преку Инстаграм, Јутјуб и нејзината веб-страница.
По потекло е од Северна Калифорнија. Почнала да патува уште од најмала возраст затоа што нејзината мајка има туристичка агенција, бизнис што го започнала кога имала само 19 години. Растејќи, таа секогаш по училиште ја дружела во истражување на нови дестинации. Па така, кога имала 18 години, Алфорд веќе пропатувала во околу 70 држави.
View this post on Instagram
Средното училиште го завршила порано, но потоа одлучила да се посвети само на патување.
„Мојот проект беше целосно самофинансирачки. Работев од навистина млада возраст и за туристичката агенција на мајка ми. Имав навистина среќа затоа што не само што заработував пари, туку учев толку многу за патувањата – конкретно како можам да го направам тоа со минимален буџет. Тие заштеди успеав да ги распределам за година и пол. И за тоа време ја зедов камерата, започнав да правам блогови и научив за социјалните мрежи. Почнував да запознавам луѓе од индустријата и изградив мрежа. Полека почнав да добивам повеќе клиенти за кои ја пишував содржината и токму тоа е она што го започна мојот бизнис што го водам денес“, објасни таа во интервју за Еуроњуз.
Меѓу омилените држави кои досега ги посетила е Индонезија поради прекрасниот подводен свет. Потоа, Венецуел поради нејзината природна убавина и љубезноста на луѓето. Пакистан било најгостопримливото место и луѓето што ги посетила. Египет, пак, го обижава за историјата. На нејзината листа со омилени места се наоѓа и Исланд, за неговата уникатност.
„Совет што ми го дадоа и го носев со години наназад е никогаш да не прифаќам ‘не’ како одговор“, вели младата Алфорд.