Грција е во медиумски мрак откако најголемиот новинарски синдикат стапи во 24-часовен штрајк во протест поради можно затворање на специјалниот здравствен фонд за вработените во медиумите.
Телевизиите денес нема да емитуваат вести, а интернет-страниците нема да ги обноват нивните содржини, додека утре весниците нема да излезат од печат.
Атинскиот синдикат на новинарите побара помош од владата и од медиумските компании за да го зачува здравствениот фонд кој се соочува со проблеми.
Грчките медиуми се тешко погодени од финансиската криза во земјата, која предизвика голем пад во приходите од реклами и претплати, додека висока е и стапката на невработеност меѓу новинарите.
Штрајкот треба да заврши утре во шест часот наутро.