Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19 и тоа шест во Скопје, пет во Тетово, три во Куманово, по два во Прилеп и Кичево, а по еден новозаразен пациент е пријавен во Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар.
Оттаму велат дека нема пријавено починати лица, а оздравени се 6 пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310“, информираат од министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања.