Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 24 лица. Од пријавените, 21 лице починало во болнички, а 3 лица во домашни услови.
Починале 10 лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).
Во последните 24 часа се потврдени 702 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 280 случаи во Скопје, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17 и по 16 во Прилеп, Велес и Кавадарци.
Потоа, регистрирани се 14 случаи на Ковид-19 во Свети Николе, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Македонска Каменица и Демир Капија.
Регистрирани сe и 1.119 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 512, Струмица – 104, Гостивар – 102, Куманово – 79, Кичево – 56, Велес – 25, Прилеп – 24, Штип – 23, Дебар – 22, Битола – 21, Кавадарци – 18, Кочани и Ресен – по 16, Радовиш 15, Свети Николе – 13, Гевгелија – 11, Кратово – 10, Пробиштип – 8, Делчево – 7, Тетово – 6, Неготино, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница – 4, Берово – 3, Валандово – 2 и по 1 од Струга, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.480 тестови.