25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид

Берлинскиот ѕид претставува еден од најзначајните симболи од 20 век кој падна пред точно 25 години. Ѕидот долго време претставуваше еден од најголемите поделувачи на народ во светот.

Повеќе од 3 милиони Источногерманци избегале во Западна Германија помеѓу 1945 и 1961 година, откако Источна Германија постепено ги зајакнувала границите и го ограничувала патувањето на своите граѓани. Во тој период, речиси една петина од населението, претежно најмладите, најдинамичните и најдобро образовани кадри биле тие коишто прибегнувале.

Во 1951 година, за време на германска парада германски студенти носеле постери од рускиот владетел Јозеф Сталин.

25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид

На 13 август, 1961 година, луѓето од двете страни на Берлин се разбудија за да го видат целиот периметар затворен поради работа. Луѓето од двете страни гледале, додека оние во Источна Германија сфатиле дека сега нема излез, оние кои останале во Западна Германија држеле плакати и извикувале слогани, но без ефект.

Вкупниот периметар на Ѕидот бил 155 километри, со 302 набљудувачки кули, 259 кучиња и 20 бункери чувани од повеќе од 11.000 војници.

Ѕидот претставува серија од четири различни ѕидови.

25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид

Гинтер Литфин бил првиот убиен додека се обидувал да премине од исток кон запад, на 24 август, 1961 година. Тој бил работни кој сакал да премине нелегално во Исток. Литфин веќе работел во Западен Берлин , па дури и изнајмил стан таму. Но, откако неговиот татко починал, тој одлучи да го одложи неговото полно работно време за да даде поддршка на неговото семејство во период кога на дезертерите не им било дозволено да се вратат назад назад. Тоа било фатална грешка за него.

Се проценува дека вкупно, околу 5.000 луѓе избегале преку Берлинскиот ѕид во текот на своето постоење, од кои 10.000 се обиделе, но не успеале.

Берлинскиот ѕид престана да постои случајно. Гинтер Шабовски, портпаролот за време на уривањето на германскиот режим, најави либерализација на режимот за патување – луѓето повеќе нема да треба да дадат причина за да ја напуштат земјата- изјави на прес-конференција во 18:53 на 9 ноември 1989 година. Кога го прашале кога ова ќе стапи на сила, тој изговорич „Веднаш!”

25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид

Медиумите на западната страна кои ја емитувале прес-конференција на Шабовски во живо, веднаш буквално ја интерпретирале, како што го направиле тоа и илјадници луѓе од двете страни на границата. Истата вечер, луѓеto се собрале да го урнат ѕидот.

Денес се опстанати само неколку мали делови од Ѕидот. Еден од нив се претвори во една од најголемите светски атракции за улична уметност. Друг ја раскажува историјата на ѕидот во патокази.

25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид

 

 

Извор: RT