Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 26 лица.
Починати се 8 лица од Скопје, 6 лица од Тетово, 3 од Струга, по 2 од Гостивар и Кичево и по едно лице од Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.
Регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19, а оздравени се 343 лица.
Во последните 24 часа се направени 6.006 тестови.
Инаку, Министерството за здравство вечерва им посочи на медиумите дека дневната статистика со Ковид-19 е објавена на веб-страницата на ИЈЗ. Сепак, таму не е наведено која е возраста на починатите лица.
Истовремено, најавија дека редовниот формат на дневната статистика продолжува од утре.