Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 28 лица. Од пријавените, 26 починале во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Починале 11 лица лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г) и по едно лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г).
Во последните 24 часа потврдени 557 нови случаи. Регистрирани се 268 случаи во Скопје, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10 и 8 случаи во Кратово.
Потоа, регистрирани се 7 случаи на Ковид-19 во Свети Николе, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2 и по 1 во Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти, односно од Скопје – 281, Куманово – 39, Битола – 33, Тетово – 27, Струмица – 24, Кавадарци и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Прилеп – 14, Радовиш – 12, Дебар – 11, Штип – 10, Ресен и Крива Паланка – по 9, Пробиштип – 7, Велес и Кочани – по 5, Неготино и Валандово – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3 и по 1 во Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.885 тестови.