Во пожар во ноќен клуб во Истанбул кој во моментов се реновира денес загинаа најмалку 29 луѓе, јавува „Еуроњуз“. Неколку лица меѓу кои и менаџерите на клубот се приведени за распит.
Барем едно од лицата е згрижено во болница, изјавија од канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Ноќниот клуб „Маскарада“ кој беше затворен поради реновирање, се наоѓа на приземје и во подрумските простории на 16-катна станбена зграда во вкартот Бешикташ во европската страна на градот пресечен со Босфорт.
Пожарот во моментов е изгаснат.
Истанбулскиот гувернер Давут Ѓул пред новинарите кои беа на местото на настанот, изјави дека причината за пожарот е под истрага, а се верува дека жртвите биле вклучени во реновирањето.
Надлежните досега приведоа пет лица за распит, меѓу кои и менаџери на клубот и едно лице надлежно за реновирањето, изјави министерот за правда.