Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрирал 29 излекувани пациенти, четири пациенти од болничко лекување и 25 пациенти кои се лекувале во домашни услови. Во изминатото деноноќие не е регистриран смртен случај од Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, пак, од МЗ информираат дека е потврден 41 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 17 случаи во Скопје, 11 во Куманово, пет случаи во Прилеп, три во Тетово и по еден во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка и Кичево. Еден случај е регистриран и во подрачната единица во Неготино, но лицето е жител на Демир Капија, се додава во соопштението на МЗ.
Со новите случаи, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со новиот коронавирус се искачи на 1.300 лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани 63 пациенти, а од нив 23 се на кислородна поддршка, додека пет пациенти се на механичка вентилација.
Во болницата „8-ми Септември“ пак, хоспитализиран е 31 пациент, односно, со потешка клиничка слика се седум лица и седум пациенти се приклучени на респираторна машина.
Досега во земјава се направени вкупно 13.649 тестирања на Ковид-19, додека во изминатото деноноќие се направени 649 теста.