Со користење на податоците од Асоцијацијата на музичката индустрија на Америка, Digital Music News ги стави податоците за продажба на музика изминативе 3 децении на едно место. Резултатот од ова е интересен графички приказ од 30-тина секунди кој покажува како новите носачи на звук полека, но сигурно ги истиснуваат старите низ 30 години во Соединетите Американски Држави.