Триесет и еден град, меѓу кои и Лондон, Барселона и Милано, потпишаа декларација со која се обврзуваат да инвестираат во зеленило и да се борат против ефектите на климатските промени.
Градоначалниците на секој од градовите потписници се заложија дека зголемување за 30 до 40 проценти на градските локации кои имаат зеленило, како паркови или улични дрвореди или пак користење водопропусни материјали во градската инфраструктура кои апсорбираат вода и спречуваат поплавувања.
Градовите сè уште имаат време за да ги поднесат нивните идеи за постигнување на овие цели, но еден од примерите е садење три милиони дрвја во Милано до 2030 година.
Во Барселона пак властите нудат да субвенционираат 75% од цената на нови зелени кровови, со цел да се направат повеќе урбани градини и простори за производство на обновлива енергија.
Според Ахмед Абуталеб, градоначалникот на Ротердам, градот ќе работи на проекти за урбано зеленило и зелен кеј.
„Овие инвестиции ќе ја подобрат благосостојбата на нашите граѓани, ќе го унапредат биодиверзитетот и ќе ни помогнат да се прилагодиме на големите жештини, суши и поројните дождови кои можат да се случат во краток период“, рекол Абуталеб, пренесе Еуроњуз.
Декларацијата ја потпишаа следните градови: Атина, Остин, Барселона, Берлин, Богота, Буенос Аирес, Копенхаген, Куритиба, Дурбан, Фритаун, Гвадалахара, Хаифа, Лима, Лондон, Лос Анџелес, Меделин, Милано, Мумбаи, Њу Орлеанс, Париз, Квезон Сити, Рио де Жанеиро, Рим, Ротердам, Салвадор, Сиетл, Стокхолм, Сиднеј, Тел Авив, Токио и Торонто.
Мрежата Ц40, кои ја иницираа оваа замисла е составена од некои од најголемите градови низ светот кои се здружени со цел да споделуваат знаења и идеи за да ги постигнат климатските цели.
Бројни научни студии покажуваат дека зелените простори во градовите го подобруваат здравјето на луѓето, како менталното така и физичкото. Едно истражување од Торонто, објавено во списанието „Природа“ (Nature), покажува дека само 10 дрвја повеќе во градска населба ја подобрува перцепцијата за здравјето на начин кој може да се спореди со годишно зголемување на приходите за 10.000 долари.