Панк бендот „No Name Nation“ утре од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 30 години постоење со концертна промоција на новиот албум.
„Иако бендот е формиран 1994, во 1995 година го менува името од ‘Инфекција’ во ‘No Name Nation’ и како таков оваа година го славиме јубилејот 30 години од формирање и секако тоа сакаме да го прославиме во нашето децениско пребивалиште МКЦ, на 15 март оваа година со концерт и промоција на новиот трет албум“, стои во најавата за настанот.
Концертот е поддржан од Министерство за култура и туризам.