30 години од лансирањето на Хабл во орбитата: НАСА покажува што фотографирал на вашиот роденден

НАСА ја прославува 30-годишната на вселенскиот телескоп Хабл во орбитата. Но, и покрај тоа што повеќето од прославите се откажани поради пандемијата на коронавирус, сепак луѓето може да истражат некои од неговите придонеси преку интернет.

Хабл беше првиот најголем оптички телескоп кој беше сместен во вселената и покажува неверојатни фотографии од универзумот 24 часа на ден, седум дена во неделата, од април 1990 година.

Како дел од прославите, НАСА овозможи јавноста да види слика на космосот направена на датумот на раѓање.

Сè што треба да се направи е да се избери месец и ден на раѓање, по што генераторот ќе открие фотографија од својата колекција.

НАСА претходно имаше закажани настани во Калифорнија и Вашингтон, но ги одложи за подоцнежен датум.