Од вчера, околу 3000 млади активисти од целиот свет се вклучија во шестнеделен предизвик за да го истражат скриениот свет низ кој патува храната за да стигне до нивните чинии.
„Во мојата чинија“ (On my plate) ќе понуди и активности што граѓаните може да ги преземат за да го подобрат својот однос со храната, планетата и иднина, велат од глобалната организација Слоу Фуд.
Во моментов илјадници учесници од над 120 земји од целиот свет се приклучија на предизвикот.
Учесниците кои ќе се регистрираат на onmyplate.slowfood.com ќе добијат широк спектар на подкасти, видеа и статии за овие теми, предизвикувајќи ги да размислат за нивните навики на исхрана.
Слоу Фуд е светска мрежа на локални заедници основана во 1989 година со цел да се спротивстави на исчезнувањето на традиции на локална храна и ширењето на културата за брза храна. Слоу Фуд прерасна во глобално движење кое вклучува милиони луѓе во повеќе од 160 земји и работи со идејата за пристап до добра, чиста и фер храна.