„Четири членови на италијанска анархистичка група се уапсени поради обвиненија поврзани со тероризам“, извести денес италијанското обвинителство во Џенова.
„АФП“ јавува дека приведени се уште пет лица, а обвинителите веруваат дека групата била поврзана со странски анархистички групи.
Полиција ја растурила групацијата, за којa обвинителите тврдат дека била посветена на „ширење на тајно печатено издание кое се објавувало двапати месечно“.
Тие дополниле дека печатеното списание „било главен инструмент за промоција и ширење на најнепопустливиот анархистички дискурс“ во соопштение за медиумите.
Деветте осомничени, на возраст од 27 до 56 години, биле обвинети за „поддржување на тероризам“.
Групата е поврзана со Неформалната анархистичка федерација (FAI), која промовира „директна акција“ со цел „да ја уништат државата“, изјавиле обвинителите.
Неформалната анархистичка федерација (FAI), основана во 2003 година, е претставена како опасност од страна на италијанските власти, а Европската унија ја тргна групацијата од својата листа на терористички организации во 2010 година.
Спротивставени и на моменталното капиталистичко уредување, као и радикалната левица, групацијата претходно презела одговорност за активност како испраќање на куршум до поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Една од последните поголеми акции на анархистичките кругови се случила во 2012 година, кога двајца мажи го нападнале генералниот директор на „Алсадо Нуклеаре“, кој се здобил со повреди на двете нозе.
Од ФАИ тогаш истакнале дека сакале да ја задушат улогата која ја имала компанијата во секторот за нуклеарно оружје, а истовремено и да се одмаздат за анархистите затворени во Грција.