31-годишник од Свети Николе приведен поради предизвикување пожар

Полицијата на 31 јули го приведе М.Ј. (31) од Свети Николе затоа што истиот ден околу 13:30 часот кај местото викано „Крушки“ во атарот на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата.

„Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост“, соопштија од МВР.

Инаку, пред три денови, беше приведен и С.Р. од селото Али Коч, радовишко бидејќи подметнал пожари во близина на селото.

Во 12 часот, на 30 јули, ТППЕ Радовиш пријавило дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.