Министерството за здравство информираше дека последниве 24 часа регистрирани се 824 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 3.988 тестирања.
Новите случаи се регистрирани во следниве градови:
Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1 .
Изминатово деноноќие од вирусот починале 31 лице. 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).
Од Министерството посочуваат дека од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.
Регистрирани се и 682 оздравени пациенти
Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ – 526, ЦЈЗ Скопје – 79, ЦЈЗ Битола – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 7, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 16, Институт за микробиологија – 71, МАНУ – 129, Жан Митрев (Филип Втори) – 143, Авицена – 293, Биотек – 323, Систина – 247, лабораторија Лаор – 548, Синлаб – 132, Ремедика – 66, Плодност – 60, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.274.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193. Досега во земјава направени се вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.