[Интервју] Саше Голчев, „Atriohm“: Да продолжиме да ја негуваме магијата на музиката

For the text in English click “Еnglish” / За текстот на англиски јазик кликнете „Еnglish“

  • Две имиња се издвојуваат во психоделичната транс сцена со нивните извонредни придонеси и трајното наследство. „Atriohm“ и „Tengri“, пионерите кои го обликуваа звучниот пејзаж на форест псајтрансот, како и инспирираа безброј уметници и фанови, оваа година ја слават својата 20-годишнина. За да го доловам оваа значајнo достигнување, разговарав поединечно со „Atriohm“ и со „Tengri“, осврнувајќи се на нивното заедничко музичко патување, различните креативни процеси и еволуцијата на психоделичниот транс.

    Придружете ни се додека се нурнавме во тие приказни, откривајќи ја нивната страст и посветеност, кои ги ставаат во првите редови на жанрот во последните две децении.

    Во оваа специјална пригода, имав чест да соработувам со Лео на колаборациската трака  „Armonika“ на неговиот последен јубилеен албум. Дополнително, правев мастеринг на темата „Window Seat“ на EP-то на Саше и придонесов за мастерингот за неговото издание „Atriohm – RMXs“, објавено на Bandcamp.

    Здраво Саше, искрени честитки за 20 години „Atriohm“. Знаеме за Лео дека доаѓа од „Студени Нозе“, но каде се твоите музички корени?

    Фала Андреј. Со музика бев инфициран од Лео, како постар брат секогаш носеше добри музики дома и уште пред да улета гоа-транс, имав шанса да слушнам „Doors“, „Deep Purple“, „Nirvana“ благодарение на Лео, после тоа некако по инерција ме запишаа во нижо музичко, во тоа истото школо кај што Лео учеше средно :)

    Колку долго си запознаен со трансот пред да решите да го започнете проектот, кои се музичките влијанија, од каде потекнува инспирацијата за „Atriohm“?

    Првите транс траки ги слушнав околу 95-96, се сеќавам Лео донесе две касети со првите два албума на „Etnica“. Тоа беше за мене момент кога скоро да заборавив на сите други стилови на музика и бев комплетно маѓепсан и предаден на психоделичниот звук.

    Добри 7-8 години пред „Atriohm“ да биде роден, живеевме заедно и имавме „Casio“ и „Roland“ сајзери, што Лео ги користеше за свирење со „Студени нозе“, но некако улета и „Roland MC-303“ и тука веќе работите стануваа поинтересни, можевме да правиме лупови и аранжмани во живо со 8 различни патерни, што во тоа време личеа на гоа-транс. Тука желбата за компонирање на свои нумери стана уште поголема, се’ до моментот кога конечно во 2003 година можевме да купиме добар компјутер и звучници и да почнеме сериозно да работиме.

    The seed was planted, Atriohm was born!  

    Atriohm + Ence

    Ред е за некој збор за „Ukalen“, објавен за „Parvati“ во 2009 година. „Ukalen во тоа време е поим за македонскиот звук, често се врзува за Галичник, руши стандарди, поставува нови граници, за многумина почеток на една нова доба за dark/forest музиката. Како се чуствувавте додека работевте на албумот и како се чувствувате денес после се’ тоа што го достигна изданието?

    Ukalen“ беше само ерупција на вулканот што долго време вриеше во нас. За среќа тука беше Васко (Encephalopaticys) со исти вкусови и видици за музика како нас и деца растени во исто школо и населба, па поради тоа процесот на работење беше многу лесен. Но, најбитен момент е што Васко имаше куќа во планина во селото Галичник. Едно од највисоките и според мене најмагични села во Македонија, со богата култура, традиција и историја. Тоа влијаеше многу на нашата инспирација и „workflow“, многу од траките ги завршивме таму, проследени со магични сеанси и дружење… Имавме чувство дека музиката сама се создава, ние сме само присутни да снимаме.

    Во креативниот процес уживавме како никогаш претходно, но каков ќе биде фидбекот од „Ukalen“ немавме претстава во тој момент, само знаевме дека албумот има многу добри моменти, што нас ни се свиѓаат и дека сакаме да го слушаме во планина, шума и слично… Денес сум пресреќен што „Ukalen“ во таа ера на цедиња, рушеше рекорди на продаваност и беше инспирација за многу млади артисти да почнат да го следат тој шумски звук и што ден денес многу луѓе бараат да го купат оригиналот.

    Во пикот на „Atriohm, Лео решава да замине во нов правец, а ти решаваш да го зачуваваш проектот во живот и тргнува твојата соло доба. Дали беше тешка транзицијата од дуо во соло формација? Во тој период настанува една од моите омилени нумери, „Dream Converter“, притоа се бориш со проблеми со увото, со тинитус. Раскажи малку?

    Периодот кога Лео одлучи да продолжи сам со свој проект беше тежок, имав чувство како да почнував од почеток, но и предизвикувачки да направам нешто сам. Нормално продуктивноста се успори, и баш во тој период почнав да имам сериозни проблеми со мултифреквенциско константно зуење во ушите (тинитус). Мислев дека тоа е крајот на мојата музичка кариера… Тоа ме оддалечи од студио, настапи, другари, на скоро една година. Одев по разни доктори, терапии, диети, медитација… Полека после една година терапија, некако се навикнав и почнав да го игнорирам зуењето… Добив мотивација да отворам „Cubase“… почнав да работам на „Dream Converter“, на супер ниска гласност, само колку да не мислам на тинитусот и да го одржувам умот во фокус на нешто друго. Таа трака ме спаси да се вратам назад. It was my Dream Converted to reality.

    Atriohm

    Следува ера на EP-ња, компилации, колаборации, безброј настапи, турнеи, резиденција на Гоа… Го оставаш подиумот со подзината вилица после секој настап. Од каде црпиш идеи, како ја замислуваш иднината на „Atriohm“?

    Гоа уште од 70-те било атрактивно место за хипиците и на многу музичари од тоа време. Некој веројатно трагајќи по спиритуалност, а некој за слободен живот, можност за истражување со музиката, колаборации со други артисти… природата, журките на плажа и дружење со музичари и артисти од различни делови на светот. На првата покана што ја добив во 2011 година, не размислував премногу, имав можност да запознаам многу артисти и да го уживам тој живот на неколку месеци. После тоа секоја година доаѓам по 3-4 месеци и воедно ми се најомилените денови од годината.

    Инаку инспирацијата доаѓа сама од себе, од животот најверојатно, опкружувањето, дружење со разни креативни луѓе, престој во природа, позитивни/негативни моменти од секојдневниот живот, акумулирана позитивна и мистична енергија од патувања и настапи… Препоставувам иднината нема да биде многу поразлична, фокусот ќе остане на креативни психоделични и непредвидливи хоризонти, но можеби во поинаква форма, брзина…

    Дали мислиш дека сме го достигнале врвот на музички израз и продукција во жанрот, или се’ уште има простор за нови идеи и пристапи?

    Мислам дека се’ уште има простор за нови идеи и пристапи, но имам впечаток дека се’ помалку се цени музичкиот пристап, креативноста и комплексноста на некое дело, а се’ повеќе се оддава внимание на гласност и големина на звук.

    Работите со „Arjuna“ подолго време на неколку траки, дали може да очекуваме целосно колаборациско EP, па можеби и албум, или?

    Работиме со „Arjuna“ на нов проект и EP, и тоа само додека сме заедно во студио, на Гоа/Италија (а не онлајн) и се надеваме дека ќе имаме доволно материјал за настап во живо во брзо време.

    Имаш „O-Coast“, имаш „Eurorack“, колкава улога игра хардвер во твојата музика? Користиш „Virus“, плагини фаворити?

    Имам мал „Eurorack“, со 6-7 модули, правам по некој звук и таму, но тој пристап бара доста време и истражување, па затоа и ретко го користам, се’ уште сум највеќе фокусиран на „Virus“, „VCV“, „Omnisphere“ и разни гранулари како „Mental“, „Portal“ и сл.

    20 Years Journey of Discovery“ е во мои уши кулминација на твојата кариера, солидна продукција, изделкани аранжмани, сите дупчиња се пополнети со звуци. Во Љубљана звучеше партали, каков е фидбекот на EP-то?

    Последното EP, „20 Years Journey of Discovery“ е веројатно кулминација на мојата кариера и стил со кој би сакал да се позабавам уште некое време, па понатака ќе видиме како ќе не’ води животот. Инаку EP-то имаше одличен фидбек и бев среќен што многу луѓе беа позитивно изненадени од различноста на траките, аранжманите, BPM-ите и слично…

    Неодамна, излезе „AtriohmRMX’s“ на големо задоволство за одлскул фановите, дали се спрема спрема „Atriohm ретро live или се’ уште е рано за тоа? Инаку, слушам многу пофалби за изданието, честито!

    Искрено не очекував толку луѓе да ми пишат за ремиксовите, веројатно постои емотивна поврзаност и музиката ги потсеќа на тие времиња, мене ми беше цел да се издадат, но не како официјално издание, бидејки сепак се работи за постара продукција, па затоа се решив да ги ставам на Бендкемп, веќе подолго време ги имав траките и сакав да подсоберам доволно за албум. Фала и на тебе за прекрасниот мастеринг, супер искочи целата приказна.

    Инаку да, за првпат годинава пуштав и ретро сет на Гоа, се мислев дали да прифатам, бидејки стара музика сакам да слушам, но не и јас да ја пуштам… Некако за тоа ми фали прав момент, но многу другари ме мотивираа и се деси. Се изненадив дека не умрев од досада, баш ми беше забавно, веројатно дека одамна ги немав пуштено тие траки, али ме изненади и позитивниот фидбек од подиум, сфатив дека многу луѓе ги препознаа траките и имаше супер енергија.

    И некој збор за крај, порака до читателите?

    Искрена благодарност до сите слушатели. Еве, го споделив со вас мојот музички пат, предизвиците со кои се соочив и постигнатите успеси. Од почетокот на „Atriohm“ па се’ до денес, секој чекор беше сведоштво за посветеност и страст кон музиката. Запомнете, креативноста нема граници и секогаш има простор за нови идеи и пристапи. Да продолжиме да ја негуваме магијата на музиката, да црпиме инспирација од светот околу нас и заедно да се впуштаме во нови патувања и авантури.

    Ви благодарам за вашата поддршка, Саше – Atriohm.

    Автор: Андреј Љатковски Hermit
    Уредник: Бојан Шашевски
    Шаше

    Интервјуто со Лео Голчев – „Tengri може да го прочитате ТУКА

  • [Interview] Sashe Golchev, Atriohm: Let’s continue to embrace the magic of music

    Two names stand out in the psychedelic trance scene for their extraordinary contributions and enduring legacy. Atriohm and Tengri, the pioneers who shaped the soundscape of forest psytrance as well as inspired countless artists and fans alike, are celebrating their 20th anniversary this year. To capture this significant milestone, I was chatting with both Atriohm and Tengri, reflecting on their shared journey, distinct creative processes, and the evolution of psychedelic trance.

    Join us as we delve into those stories, uncovering the passion and dedication that have been putting them at the forefront of the genre for the past two decades.

    For this special occasion, I had the honor of collaborating with Leo on a versus track called Armonika on his latest anniversary album. Additionally, I mastered the track Window Seat on Sashe’s EP and contributed to the mastering for his Bandcamp release of Atriohm – RMX’s.

    Hey Sashe, congratulations on 20 years of Atriohm! We got to find out that Leo’s career sprouted from Studeni Noze, but how about your musical origins?

    Thank you, Andrej. I was infected with music by Leo. As my older brother, he consistently brought home an eclectic mix of music, exposing me to a diverse range of genres long before the era of Goa trance. Artists like The Doors, Deep Purple, and Nirvana became my early influencers, thanks to Leo’s discerning taste in music. Later on, I followed in Leo’s footsteps, attending the same music school where he pursued his high school education.

    How long have you been familiar with trance before initiating the project, what were the musical influences and the source of inspiration for Atriohm?

    My journey with trance began around 1995/96 when Leo introduced me to two cassette tapes of the first two albums of Etnica. It was a transformative moment for me as I found myself completely captivated by the psychedelic sound, almost forgetting about other music styles. For about seven or eight years leading up to the making of Atriohm, Leo and I were living together, experimenting with music using Casio and Roland synthesizers, which Leo had for playing live with Studeni Noze. However, the introduction of the Roland MC-303 added a new dimension to our musical exploration. With its capabilities, we could create loops and live arrangements with eight different patterns, reminiscent of the Goa trance sound at the time. This period fueled our desire to create our own music, which culminated in 2003 when we finally acquired a good computer and speakers to pursue music production seriously.

    Тhe seed was planted, and Atriohm was born.

    Atriohm + Ence

    Let’s delve into the essence of Ukalen, released on Parvati in 2009. Ukalen elicited the Macedonian sound in those times, often in relation to Galichnik, challenging norms and paving new paths, marking the dawn of a new era for dark/forest music. How did you experience the making of the album? Can you reflect on all the success since the release?

    Ukalen was the eruption of the volcano that had been simmering in us for a long time. Fortunately, Vasko (Encephalopaticys) shared our musical taste and our visions, plus given our upbringing, the same school and neighborhood, the process of working together was very easy. However, the pivotal moment was that Vasko had a house in the mountains in the village of Galichnik. Nestled between Macedonia’s highest peaks, and in my opinion, one of the most magical villages in Macedonia. Galichnik exuded a mystical charm, rich in culture, tradition, and history. All that profoundly influenced our creative process and workflow; many of the tracks were finished there, accompanied by magical sessions and gatherings. We felt like the music was manifesting itself, and we were merely there to capture – to record it.

    We enjoyed the creative journey like never before, though we remained uncertain about the reception of Ukalen. We only knew that the album had many good moments that we liked and wanted to listen to, envisioning it being enjoyed in the mountains, forests, and similar landscapes. Today, I am truly happy that Ukalen, in that era of CDs, broke sales records and inspired many young artists to follow ‘that’ forest sound. To this day, many enthusiasts seek to acquire the original release, emphasizing its enduring impact.

    As Atriohm reached its peak, Leo opted to chart a new course while you decided to keep the project alive and embarked on your solo journey. Was the transition from a duo to a solo formation difficult? During that period, Dream Converter, one of my personal favorites, came into being. However, you were dealing with tinnitus?! Could you tell us a bit about those times?

    The period when Leo embarked on his solo journey indeed posed challenges and was difficult. It felt like starting from scratch, but it was also challenging to create something on my own. Naturally, productivity slowed down, and during that time, I started having serious problems with multi-frequency constant ringing in my ears, known as tinnitus. I feared it spelled the end of my musical career. This affliction distanced me from the studio, performances, and even friends for nearly a year. I sought solace in medical consultations, therapies, dietary adjustments, and meditation, yet the relentless ringing persisted. However, over time and with persistent effort, I gradually acclimated to its presence, learning to tune it out. I got motivated to open Cubase and started working on Dream Converter at super low volume, just enough to not think about the tinnitus and keep my mind focused on something else. That track saved me and brought me back. It was my Dream Converted to reality.

    Atriohm

    This was succeeded by an era of EPs, compilations, collaborations, countless performances and tours, including a notable residency in Goa. Your every performance stirs the dancefloor and sets the audience in a jaw-dropping awe. Where do you draw your inspiration from, and how do you envision the future of Atriohm?

    Goa has long been a magnet for hippies and musicians alike since the 1970s. Some sought spirituality, while others pursued a lifestyle of freedom and artistic experimentation, seeking opportunities to experiment with music, and collaborate with other artists. The allure of nature, beach parties, and the vibrant community of musicians and artists from diverse backgrounds were irresistible. When I received my first invitation in 2011, I did not hesitate. I had the opportunity to meet many artists and enjoy that lifestyle for a couple of months. After that, I went back every year for 3 to 4 months at a time, and those remain my favorite days of the year.

    Inspiration flows organically, drawn from life itself – the surroundings, interactions with fellow creatives, moments of joy and adversity, and the profound energy accumulated through travel and performance. Looking ahead, I suppose the future won’t be much different. The focus will remain on creative, psychedelic, and unpredictable horizons, but perhaps in a different form or speed.

    Do you believe we’ve reached the pinnacle of musical expression and production within the genre, or you’d say there is still room for new ideas and approaches?

    I believe there’s still space for fresh ideas and approaches, but I have the impression that musical creativity and complexity are being valued less, while more attention is given to loudness and the size of the sound.

    You’ve been working with Arjuna on several tracks for quite some time. Can we expect an EP, maybe an album from this partnership?

    We are currently working on a new project and EP with Arjuna, but only when we are together in the studio in Goa or Italy—not online. We hope to have enough material for a live act soon.

    You own an O Coast and a Eurorack. How significant of a role hardware plays in your music? Do you use Virus, any favorite plugins?

    I have a small Eurorack setup with 6 to 7 modules. While I do create some sounds with it, that approach requires a lot of time and exploration, so I don’t use it often. I’m still primarily focused on the Virus, VCV, Omnisphere, and various granulators like Mental and Portal.

    20 Years Journey of Discovery is, to my ears, the pinnacle of your career. The production is solid, the arrangements are meticulously crafted, and every gap is filled with sound. It sounded awesome in Ljubljana. What’s the feedback like on the EP?

    The latest EP, 20 Years Journey of Discovery, likely represents the pinnacle of my career and the style I hope to continue exploring for a while. The feedback has been excellent, and I’m delighted that many people were positively surprised by the diversity of the tracks, the arrangements, BPM, and so on.

    Recently, Atriohm – RMXs was released to the great satisfaction of old-school fans. Are you preparing Atriohm Retro Live, or is it still too early for that? I’ve heard a lot of praise for the release. Congratulations, by the way!

    Honestly, the response to my remixes was much greater than I anticipated. So many people wrote to me. There is probably an emotional connection, and the music reminds them of those times. My goal was to release them, but not as an official release since it’s older production. So, I decided to put them on Bandcamp. I had been holding onto the tracks for a long time and wanted to gather enough for an album. Thank you Andrej, also for the wonderful mastering; the whole project turned out great.

    Yes, for the first time this year, I played a retro set in Goa. I was hesitant about accepting it because I love listening to old music, but not necessarily playing it. I needed the right moment for that, but many friends motivated me, and it happened. I was surprised that I didn’t get bored. I actually had fun, probably because I hadn’t played those tracks in a long time. I was also surprised by the positive feedback from the audience. I realized that many people recognized the tracks, and there was great energy.

    And a few words for the end, a message to readers?

    To wrap up, I’d like to extend my heartfelt gratitude to all the listeners. Through this journey, I’ve shared the evolution of my musical path, the challenges faced, and the triumphs achieved. From the inception of Atriohm to exploring solo ventures and collabs, each step has been a testament to dedication and passion for music. Remember, creativity knows no bounds, and there’s always room for new ideas and approaches. Let’s continue to embrace the magic of music, draw inspiration from the world around us, and embark on journeys of discovery together.

    Thank you for your support, Sashe – Atriohm.

    Author: Andrej Ljatkovski – Hermit
    Editor: Bojan Shashevski – Shashe

    You can read the interview with Leo Golchev – Tengri HERE